More

    Ангелов: Државата е подготвена за претстојната зимска сезона, за врнежите со снег

    spot_img

    Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска истакна дека државата е подготвена за претстојната зимска сезона, за врнежите со снег. Ваквиот заклучок доаѓа по одржаниот координативен состанок со повеќе државни институции на кој беа разгледани институционалните капацитети за чистење на снегот на патиштата и подготвеноста за благовремено пружање на помош на граѓани околку за тоа се јави потреба.

    Меѓу присутните беа претставници од Управа за хидрометеоролошки работи, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, ЈП за државни патишта, Дирекција за заштита и спасување, МВР / БЈБ – Единица за подготовка и постапување со сложени безбедносни и кризни состојби, Министерство за локална самоуправа, МЗШВ – Управа за водостопанство, ЈП железници на РСМ инфраструктура, АД Водостопанство, Црвен Крст на РСМ, Авто мото сојуз на Македонија, ЗЕЛС, ЕВН Македонија, ЕСМ – ЕЛЕМ и АД МЕПСО.

    – Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени, бидејќи капацитетите на ЈП за државни патишта, како и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се целосно подготвени. Бројот на камиони е доволен за територијата на државата – истакна Ангелов.

    Додаде дека во случај на потреба на сопирање на сообраќајот на некои критични точки, особено пред превоите, МВР ќе испрати засилени екипи. ДЗС на располагање има два тима со возила со гасеници кои се оспособени да отидат до тешко пристапни терени доколку е потребно да се пружи помош за некој загрозен граѓанин.

    – Апелирам граѓаните во претстојниот период да користат зимска опрема, особено зимски гуми и да имаат ланци. Најдобрата препорака е доколку немаат неопходна потреба, да не излегуваат непотребно на патишта каде има превои односно места каде патиштата минуваат на околу 1000 метри надморска височина. Безбедноста да биде на прво место – потенцира директорот на ЦУК.

    Ангелов нагласи дека камионите за чистење на снег имаат обезбедено доволна количина на сол и веднаш ќе излезат на терен кога за тоа ќе има потреба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img