Ангел Џамбаски со закани кон претсдателот Пендаровски со атентат по примерот на Краѓорѓевиќ

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски му порача на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека и во минатото постоеле обиди на лидери на ВМРО да им се забрани влез во Македонија, а во еден од таквите примери, посочи тој, главна улога одиграл југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ врз кого беше извршен атентат.

Џамбаски најави дека на 4 февруари ќе дојде во Скопје и ќе му се поклони на револуционерот Гоце Делчев, а запрашан дали се препознава во описот на Пендаровски кој побара Владата да донесе одлука за забрана на влез на еден бугарски европратеник, Џамбаски одговори дека во тој опис го препознава секој Бугарин кој ги застапува правата и интересите на Бугарите во Македонија.

– Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа – рече Џамбаски синоќа во разговор за бугарската телевизија Нова.

На прашањето дали планирал да дојде во Скопје на 4 февруари заедно со поголема група луѓе да ја одбележат 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, Џамбаски потврди.

– Не мислев да одам во Македонија, имав други планови. Но сега, како да одбијам ваква љубезна покана – рече тој.

Инаку, кралот Караѓорѓевиќ е убиен во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски, по наредба на ВМРО на 9 октомври 1934 година.

Share This Article