Иако актерката Анџелина Џоли и актерот Бред Пит се разведоа во 2019 година, тоа не беше крајот на несогласувањата и на правните спорови околу старателството над децата и сопственоста на винаријата во Франција, а сега актерката се жали дека судскиот спор со Бред Пит финансиски ја уништил, пишува порталот Дејли мејл.
Анџелина тврди дека Бред Пит веќе ѝ ја зел и последната пара, но наводно богатството на актерката скокнало по разводот, односно дека поранешниот сопруг индиректно ѝ донел 100 милиони долари.
Тие пари дошле преку заеми, алиментација за децата, подароци и милиони што ги заработила од продажбата на нејзиниот 50% удел во имотот, кој е во центарот на спорот, винарската визба „Шато миравал“. Пит ѝ подарил 10% од сопственоста.
Нивниот поранешен дом во Франција, неверојатен имот и лозје, вредел 60 милиони долари кога го купиле во 2008 година. Сега, благодарение на напорната работа и на инвестицијата на Пит во бизнисот, вреди неверојатни 164 милиони долари.
Џоли се жали на финансиски загуби, покажуваат новите документи, но извори блиски до Бред Пит велат дека актерката имала доволно средства неодамна да потпише договор за преземање на некогаш единствениот простор на славниот уметник Енди Ворхол во Менхетен, Њујорк. Нејзиниот сопственички удел во локалот е непознат, но познато е дека актерката го користи за да го промовира својот моден бренд „Ателие Жоли“ (Atelier Jolie).
Извор запознаен со спорот со винаријата тврди дека Анџелина рекла дека Бред финансиски ја уништува, а всушност таа сакала финансиски да го уништи.
Пријателите на Бред Пит тврдат дека тој бил многу дарежлив кон актерката. Почнувајќи од 2018 година, тој платил 1,3 милиони долари за алиментација, вклучително и за терапија за децата, како и стотици илјади долари за разни цели. Извори велат дека актерот за 7 години платил 10 милиони долари за грижа за нивните деца.
Актерот на својата поранешна сопруга и подарил слика на Винстон Черчил „Кулата на џамијата Кутубија“ која таа ја продаде во 2021 година за 11,5 милиони долари.
Во 2018 година ѝ позајмил 8 милиони долари за да ја купи нејзината сегашна куќа во Лос Анџелес. Таа ја купила вилата за 24,8 милиони долари и тврди дека парите што ѝ ги дал поранешниот сопруг биле заем што дошол со камата и со план за отплата.