Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека не може да ја разбере неефикасноста на неговиот тим.
Реал ремизираше 0:0 со Бетис во Севиља и сега заостанува девет бода од Барселона.
„Чудно ми е што не можеме да постигнеме гол со оглед на индивидуалниот квалитет што го имаме. Ме погодува, да, многу. Мислам дека тоа влијае и на играчите бидејќи имаме квалитет да постигнуваме голови, секогаш да даваме голови. Тоа е главниот проблем сега, што не сме ефикасни во нападот. Мора да се погледнеме во огледало и да бидеме поефикасни“, рече Анчелоти и додаде:
„Нешто ни недостасува, не носиме правилни одлуки, не ги правиме вистинските работи. Ја додаваме топката кога треба да шутираме, шутираме кога треба да додаваме. Тоа се случува во последните три натпревари и мораме да го поправиме. Мислам дека тоа не е индивидуален проблем, повеќе е за донесување одлуки како група“.
Фудбалерот на Реал збесна откако Анчелоти го извади од игра
На прашањето дали мисли дека е решено прашањето на шампионот, тренерот на кралскиот клуб одговара:
“Не не не. Барселона има голема предност, но ние ќе работиме оваа недела, имаме цела недела. Ќе се бориме до крај, има уште многу натпревари, но мора да се подобриме“.
Реал Мадрид следната сабота го пречекува Еспањол.