Американскиот сенатор Линдзи Греам во четвртокот повика „некој во Русија“ да го убие претседателот Владимир Путин, правејќи го, како што рече, „огромна услуга“ за Русија и за остатокот од светот.
Некој во Русија треба да го направи тоа „и да се ослободи од тој човек“, рече сенаторот во една телевизиска емисија.
Тој потоа објави серија твитови каде нагласи дека „единствените кои можат да го направат тоа се Русите“. „Дали има Брут во Русија?“, праша Греам, мислејќи на зборовите на Јулиј Цезар.
Тој, исто така, праша дали има „полковник Штауфенберг, но поефикасен“ во руската армија, овојпат мислејќи на германскиот офицер Клаус фон Штауфенберг, организаторот на неуспешниот атентат на Адолф Хитлер во 1944 година. „Тие би ѝ направиле огромна услуга на својата земја. и остатокот од светот“.
Линдзи Греам, некогаш близок сојузник на претседателот Доналд Трамп, претстави резолуција во Сенатот со која се осудува рускиот претседател и неговите воени команданти, обвинувајќи ги за „воени злосторства“ и „злосторства против човештвото“.