More

    Америка ја предупреди Грузија да не се враќа под заштита на Москва

    spot_img

    САД ја предупредија Грузија да не стане противник на Западот со враќањето под покровителство на Москва, по одлуката на парламентот да донесе закон „инспириран од Кремљ“ и покрај масовните улични протести.

    Помошникот државен секретар на Вашингтон, Џим О’Брајан, зборуваше за стравувањата дека усвојувањето на законот за „странски агенти“ од грузискиот парламент може да биде уште една „пресвртница“ во проблематичната историја на поранешната советска држава.

    Во коментарите кои, според Гардијан, сигнализираа верување во САД дека грузиската влада уште еднаш се усогласила со Русија, О’Брајан сугерираше дека американското финансирање наскоро би можело да биде повлечено.

    САД потрошија милијарди долари за обнова на Грузија по распадот на Советскиот Сојуз, а стотици милиони беа планирани за економијата и војската на земјата, рече тој.

    Според новиот грузиски закон, медиумите или граѓанските здруженија во Грузија кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство ќе мора да се регистрираат како „организации кои им служат на интересите на странска сила“.

    Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе во понеделникот рече дека земјата е жртва на „глобална воена партија“ предводена од САД.

    О’Брајан, исто така, го критикуваше милијардерот олигарх Бидзин Иванишвили, почесен претседател на владејачката партија Грузиски сон, кој се смета за двигател на владината политика.

    Американскиот претставник побарал средба со Иванишвили, но бил одбиен со образложение дека САД замрзнале 2 милијарди долари од неговите пари преку „де факто“ санкции, изјави Кобахиџе за новинарите во понеделникот. О’Брајан рече дека „во овој момент“ нема санкции против Иванишвили и дека е „шокантно и разочарувачки што таквата личност е толку лошо дезинформирана“.

    Голем број опозициски лидери беа жестоко претепани на улиците кога беа нападнати од неидентификувани банди, а има и видео снимки од полицијата како удира и клоца демонстранти.

    О’Брајан предупреди дека САД се подготвени да ги санкционираат министрите и претставниците на грузиската влада поради кризата во развој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img