Амбер Херд конечно седна на клупата за сведоци

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Амбер Херд конечно седна на клупата за сведоци. Ова е првпат Херд да сведочи на судењето за клевета вредно 100 милиони долари.

Во своите воведни зборови, Херд рече дека долго време се борела да најде зборови за болката што ја чувствувала додека седела на суд во последните три и пол недели. Таа го нарекла тоа „најболната и најтешката работа низ која некогаш поминала“.

„Ужасно ми е да седам тука со недели и да го доживувам сето ова“, рекла Херд. „Да ги слушнам луѓето што ги познавам, некои добро, некои не, како и мојот поранешен сопруг со кого го делев животот, како зборуваат за нашите животи на начинот на кој тие зборуваа“, се пожалила таа.

Таа ја опишала средбата што ја имала со него за неговиот филм „The Rum Diary“ кон крајот на 2000-тите години. Таа рекла дека мислела дека тоа би можело да биде аудиција, но се покажало дека тоа е само состанок. Херд рекла дека „кликнале“ на начин што таа не очекувала.

Таа се присетила на првата средба со Деп.

„Разговаравме за книги и музика, поезија. Сакаме многу исти работи. Опскурни писатели и интересни книги и поетски дела за кои никогаш порано не сум слушнал дека некој друг знае или сака како мене“, рекла таа во сведочењето. Таа го опишала актерот како „многу харизматичен и начитан“. Рекла и дека честопати ѝ позајмувал книги на почетокот на нивното познанство.

„Знаев кој е тој. Не бев љубителла на неговата работа. Не бев запознаена со него, но знаев кој е. Знаев дека е еден од најпознатите луѓе на светот“, рекла таа. „Беше чудно затоа што тој е двојно постар од мене и познат актер, а одеднаш се најдов во ситуација да се согласувам со него за некои стари книги и блуз. Мислев дека е чудно и прекрасно. Заминав од него восхитена“, открила Херд.

Се присетила и на еден од повиците на Деп кога тој ѝ рекол: „Ти си таа. Ти си сон, малечка!“

Инаку, ова нејзино сведочење се поклопува со она што Деп го кажал во своето сведочење за истиот период од нивната врска.

- Advertisement -
Ad image

Херд се осврнала и на ситуацијата кога Деп наводно ја удрил за првпат.

„Никогаш тоа нема да го заборавам. Тој момент ми го промени животот“, рече таа речиси во солзи. Херд опишала дека однесувањето на Деп се променило за време на врската. На суд, рекла дека тој повторно почнал да пие откако извесно време се воздржувал од алкохол поради здравствени проблеми. Таа рекла дека тој често не зборувал со неа и дека се лутел откако ќе се напиел.

Таа го опишала неговиот прв наводен удар како „глупава ситуација“. Таа вели дека го прашала за една од неговите тетоважи. Тој ѝ рекол дека на тетоважата пишува „Вино“, на што таа почнала да се смее бидејќи мислела дека се шегува. Потоа, како што тврди на суд, ѝ удрил шлаканица.

- Advertisement -
Ad image

„Продолжив да се смеам, само се смеев бидејќи не знаев како да реагирам. Мислев дека се шегува“, опишала таа. Херд додала дека мислела дека Деп во тоа време бил под дејство на кокаин, иако не видела дека тој нешто земал. Сигурна е дека пиел. Деп, наводно, повторно ѝ удрил шлаканица откако ѝ рекол: „Мислиш дека си смешна кучка“. Третиот пат кога ѝ удрил шлаканица, Херд тврди дека паднала на тепихот.

„Не сум глупава… Знаев дека не е во ред и знаев дека морам да го оставам. И тоа е она што ми го скрши срцето бидејќи не сакав да го оставам“, рекла таа.

Деп негираше дека ја удрил Херд и дека ја удрил поради неговата тетоважа. Тој сведочеше дека се скарал со Херд поради неговата тетоважа „Вино засекогаш“, која ја изменил откако раскинал со неговата поранешна девојка Винона Рајдер.

Share This Article