Компанијата United Launch Alliance успешно ги лансираше првите два прототипа на интернет сателитите на Amazon од програмата Project Kuiper.
Сателитите беа лансирани во ниската орбита на Земјата со ракета Atlas V од Кејп Канаверал, Флорида во мисија наречена Протофлајт.
Амазон веќе некое време работи на Project Kuiper, сателитски интернет проект кој е ривал на Starlink на SpaceX.
Компанијата го гледа Protoflight како клучна можност за учење, со оглед на можноста да собира прецизни податоци во живо од вселената и да ги додаде во лабораториски и теренски податоци.
Во Амазон очекуваат да дознаат повеќе за тоа како ќе работи мрежата, а ова е и тест за сателитска обработка, лансирање и операции за мисија.
Откако ќе заврши мисијата, Амазон активно ќе ги деорбитира двата сателити пред да изгорат во атмосферата.
Целта на Project Kuiper е да понуди брз и достапен широкопојасен интернет на заедниците ширум светот кои немаат никаква услуга, пишува Бљесакинфо.