More

    Алијансата нема да им дозволи на Русија и на Кина да ја дестабилизираат

    spot_img

    Ескалацијата на кампањата на непријателски активности на Русија против земјите на НАТО ќе биде главна тема на денешниот втор ден од состанокот на министрите за надворешни работи на членките на Алијансата, најави утрово генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

    – Русија, но и Кина, се обидуваат да ги дестабилизираат државите на НАТО преку акти на саботажа, киберкриминал и се разбира, исто така, со обидите за користење на енергијата како оружје – истакна Руте пред почетокот на министерскиот состанок на кој учествува и шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски.

    Според Руте, на денешното заседание министрите ќе разговараат за начините за справување со ваквите закани, за подобрено споделување разузнавачки информации и за обезбедување услови за заштита на критичната инфраструктура.

    Иран ги користи парите од Русија за дестабилизација на Блискиот Исток

    Тој потсети дека на вчерашниот прв ден од дводневниот состанок, министрите од НАТО имаа средба со јорданскиот крал, Абдула Втори, на која разговарале за состојбата во регионот на Блискиот Исток.

    Кралот ги информирал шефовите на дипломатиите на НАТО за улогата што ја игра Иран на Блискиот Исток, кој, според Руте, парите, што ги добива од Русија за поддршката на нејзината агресија врз Украина, ги користи за дестабилизација на регионот. На состанокот се разговарало и за најновите настани, поврзани со ситуацијата во Сирија, како и за влијанието на состојбите на Блискиот Исток врз поширокиот регион, пред сѐ врз Северна Африка.

    Украина бара дополнителни системи за противвоздушна одбрана

    На работната вечера, на која присуствуваа и шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, и новата висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, министрите, како што нагласи Руте, дискутирале за колективните напори да ѝ се обезбеди на Украина потребната противвоздушна одбрана и да се овозможи заштита на нејзината критична и енергетска инфраструктура, како и да се придонесе за зајакнувањето на земјата, со цел таа да се доведе во посилна позиција и да почне разговори за нејзината иднина.

    Руте потврди дека Сибиха побарал испорака на дополнителни системи за противвоздушна одбрана за Украина, нагласувајќи дека министрите разговарале за ова прашање и дека за него ќе се дебатира и во наредните денови и недели, со цел да ѝ се помогне на земјата за заштита на нејзините стратешки капацитети и инфраструктура.

    НАТО со будно око ги следи ситуацијата во Грузија и кризата во Јужна Кореја

    Во однос на севкупните случувања и протестите во Грузија, Руте рече дека НАТО со загриженост ги следи настаните по грузиските парламентарни избори и ја охрабрува земјата да се врати на својот пат кон интеграција во Европската Унија и во НАТО.

    Тој додаде дека за НАТО е неприфатливо какво било странско мешање во изборниот процес и ги осудува обидите за влијание врз изборите, како во неговите земји членки, така и во останатите држави, како во последните случаи со Грузија и Молдавија.

    Запрашан за коментар за настаните во Јужна Кореја, поврзани со иницијативата за импичмент на претседателот Јун Сук Јеол, Руте рече дека оваа земја, заедно со Јапонија, Австралија и Нов Зеланд, е дел од индо-пацифичкото партнерство на НАТО и дека Алијансата е многу заинтересирана за развојот на состојбата, но дека тој нема да ја коментира јужнокорејската внатрешно политичка ситуација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img