Алергија на комарци е физичка реакција на плунката на женски комарец која се манифестира преку локални воспаленија на кожата. Најчесто ги погодува малите деца и постарите лица, може да се развие и во текот на животот.
Алергијата на комарец се нарекува и Скитер-ов синдром и се однесува на голема, локална алергиска реакција по каснување од комарец, која е придружена со значително воспаление.
Ова е показател дека телото реагирало негативно на полипептидите кои се наоѓаат во плунката на женскиот комарец.
Симптоми на алергија на комарци
Ако се сомневате дека имате алергија на комарци, контактирајте со вашиот лекар кој прво ќе утврди дали имате блага или тешка алергија.
После тоа, според вашата состојба, ќе одредат кои лекови треба да ги пиете.
Сепак, алергијата на комарец најчесто се третира со орални антихистаминици, креми со хидрокортизон и лекови против болки кои може да се купат без рецепт, доколку реакцијата на каснувањето е толку силна што предизвикува болка и треска.
Како што веќе беше наведено, симптомите на алергија на каснување од комарец треба да исчезнат за околу три дена, најмногу за десет.
Како да се спречи алергија на комарци?
Алергијата на комарец не може сама да се спречи, но каснувањето од комарец може да се спречи.
Затоа, на лицата со алергии им се препорачува да се заштитат што е можно повеќе преку:
– избегнување да се биде во близина на вода
– избегнување области каде што има многу комарци
– употреба на спрејови и слични препарати кои ги одбиваат комарците
– носење долги панталони и кошули со долги ракави
– употреба на мрежи на врати и прозорци
– престој во затворен простор во времето од денот кога комарците се најактивни; самрак и навечер
– покривање на креветот со мрежи против комарци
Заклучок
Алергијата на комарец се нарекува и Скитер-ов синдром и се однесува на голема, локална алергиска реакција по каснување од комарец, која е придружена со значително воспаление.
Алергијата на комарци најчесто ги погодува бебињата и децата и постарите лица, а можно е да се развие во текот на животот. Симптомите на алергија на комарци се покажуваат на површината на кожата преку оток, промена на бојата, чешање, болка,…
Алергијата на комарци не може да се спречи, но за да се избегне реакција, се препорачува да се избегнуваат самите каснувања, односно да се избегнуваат места со многу комарци, да се носи долга и густа облека, да се користат средства за одбивање и слично.