More

    Алексеј Милчаков, познат под прекарот „Србин“ е водачот на познатата фракција „Русич“ поврзана со Вагнер, а која му се закани на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе го одмазди Евгениј Пригожин

    spot_img

    Алексеј Милчаков, познат под прекарот „Србин“ е водачот на познатата фракција „Русич“ поврзана со Вагнер, а која му се закани на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе го одмазди Евгениј Пригожин, водачот на „Вагнер“ кој загина во неразјаснета авионска несреќа зад кој се шпекулираше дека стои Кремљ.

    По падот на авионот на Пригожин во август, групата „Русич“ го обајви следното на Телеграм:

    „Ова нека биде лекција за сите. Секогаш одете до крај“.

    Момците од „Русич“ се колнат во неопаганска идеологија. Му се поклонуваат на Перун, древниот словенски бог на громот. На своите униформи тие го лепат симболот на „коловрат“, познат и како „точак“, но и на „црното сонце“. Луѓето често биле збунувани од овие симболи и ги поврзуваат со СС-симболите на нацизмот. Тоа често го прават и самите членови на „Русич“.

    Во снимка од интервју која се шири на Твитер Милчаков дури отворено признава: „јас сум нацист“.

    – Морате да сфатите дека кога ќе убиете човек ја чувствувате возбудата на ловењето. Ако никогаш не сте биле на лов, треба да пробате. Интересно е – вели тој.

    „Русич“ беа на мисии во Донбас, Африка и во Сирија од 2014 година. Во Сирија Марат Габидулин се искачил на рангот командант. Тој даде и интервју за „Дејли Бист“. Но, баталјонот беше казнет од руските власти поради „посебна суровост“ во борбите во регионот Харков во Украина.

    Тоа ги направило платениците гневни и желни за одмазди и атентати.

    Но, не се само „Русич“ пагани. Се смета дека во Русија има меѓу неколку стотици илјади и неколку милиони луѓе кои ја практикуваат оваа вера која била меѓу Словените уште од антиката, многу векови пред тие да бидат покрстени. Денес тие се нарекуваат себеси Родноверци.

    А самите неопагани денес се поделени во секти со различни верувања. Во официјалната верзија, постојат седум богови кои пак потекнуваат од единствениот вистински бог Род. Се повикуваат на „Книгата за Велес“. Таа ги поставува Словените како избран народ. Постоењето на самата книга е под знак прашалник. Многумина велат дека се работи за фалсификат.

    Во книгата, врховниот бог Перун се впушта во борба со Велес кој владее со подземјето.

    Габидулин за „Дејли Бист“ изјавил дека групата е еден вид „модно хоби“ за маргинализираната заедница на војници и дека произлегува од „мрзеливоста да се проучува научната школа за историја“ и желбата да се најде оправдување „за себеславење во минатото“.

    Тој ја нарекува визијата на Вагнер за историјата на Родновера како: „фиктивна верзија со големи предци и достигнувања“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img