More

    Албанската претставничка на Евровизија, Ронела Хајати: И да влезев во финале, ќе бев последна!

    spot_img

    Албанската претставничка на Евровизија, Ронела Хајати, по коментарите се огласи дека требало да биде меѓу 10-те финалисти од првата полуфинална вечер на Евровизија.

    „И да влезев во финалето, ќе бев последна. Знам. Но, количината на љубов што ја добив е огромна! Победив на Евровизија затоа што ја освоив публиката! А публиката е секогаш во право! ВЕ САКАМ“, напиша Ронела на Инстаграм.

    Потсетуваме, Албанија синоќа ја отвори првата полуфинална вечер на Евровизија во Торино, Италија. Иако не се пласираше во финалето, нејзиниот настап предизвика голем интерес. Имено, таа на крајот од својот настап покажа двоглав орел. Нејзиниот настап требаше да изгледа поинаку, но мораше да го промени бидејќи беше премногу експлицитен според правилата на Евровизија.

    Ронела се прославила во 2013 година со песната „Mel Gata“, а популарна е и на Инстаграм, каде што ја следат повеќе од 700.000 обожаватели.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img