More

    Албанската опозиција обвинува дека власта ги ограбува граѓаните преку сметките за струја

    spot_img

    Нова година, ново крадење на граѓаните од криминализираната власт во заминување, овој пат и преку сметки за струја, обвини Фари Хисени од Европски сојуз за промена (ЕСП).

    Тој рече дека во моменти кога граѓаните се на работ на егзистенција, а сиромаштијата се зголемува, корумпираната Влада уште повеќе ги удира со драстично поскапување на струјата.

    – Тоа најдобро ќе го докажат сметките што се очекува да стигнат до граѓаните. Ајде да одиме со подетално објаснување за да нѐ разбере секој граѓанин: Ова греалка троши 2 киловати на час, да претпоставиме дека едно семејство ја користи 12 часа на ден и излегува дека во рок од еден месец троши 720 киловати и автоматски ова домаќинство се рангира во третиот блок потрошувачи на електрична енергија, кои имаат значителен пораст во цената на струјата и покрај лагите на власта дека струјата е намалена. А драги граѓани, ако пресметаме дека на сите ни треба не само греење, туку и да подготвуваме храна, да користиме машина за перење, да стоплиме вода, тогаш можете ли да замислите што нѐ чека кога ќе дојде сметката на крајот на месецот – изнесуваат огромни суми што треба да ги платиме и на тој начин Владата ни го празни целиот семеен буџет. Што се однесува до појаснувањето, дали знаете кои корисници се ослободени од струја – само оние кои веќе ги напуштиле домовите бидејќи и да ги запалеле светилките пак ќе го надминат првиот блок – рече Хисени.

    Не дека ние сме сиромашни, додаде тој, туку тие нѐ крадат во секоја сфера од животот, нѐ крадат во храна, во егзистенција, во струја.

    – Па, патем, и меѓународниците предупредија дека корупцијата и кражбите станаа епидемија. И од сето ова што го кажавме, излегува дека лажниот пи-ар на власта дека е намалена цената на струја е само уште една чиста лага. Така што, за крај, според ова логика само едно можеме да кажеме дека нашите деца треба да се греат само со оваа греалка на овие ниски температури, додека тие нѐ крадат и трошат милиони. Европскиот сојуз за промена во партнерство со народот ќе стави крај на ова лошо владеење – порача Хисени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img