Албанката Ева Мурати, која ја води Лигата на шампионите, со својот неверојатен изглед го привлече вниманието на многу гледачи, а на социјалните мрежи секојдневно е опсипана со комплименти.
Кариерата ја започнала кога имала 15 години. Таа се појавила во бројни реклами и имала неколку манекенски ангажмани. Своето прво шоу го снимила во 2013 година.
Потоа, Мурати го водеше изборот за Мис Албанија. Покрај Лига на шампионите, таа на албанскиот канал „Tring Sport“ моментално ја води емисијата „Sports Week“.
Глумеше во филмовите „You Can Call Me John“ и „The Outlaw“ и серијата „Skanderbeg“, а се испробала и во театарот. Имено, таа била дел од претставите „The Threepenny Opera“ и „The Two Gentleman of Verona“.
Ева студирала право на Универзитетот во Тирана. И покрај бројните ангажмани во различни сфери, фудбалот е нејзината најголема љубов, а навива за Јувентус.
На Инстаграм има повеќе од 900.000 следбеници, а многумина поради нејзината убавина ја нарекоа „кралица на Европа“.
„Таа е најубавата водителка на Лигата на шампионите“, „Ти си причината зошто Лигата на шампиони е одлична“, „Нејзината убавина е единствена“, „Ева – една од најзгодните жени на светот“, се само некои од комплиментите што ги добила.