More

    Албанија воведува строги казни за полигамија

    spot_img

    Албанската Влада предлага измени во кривичниот законик, со кои се предвидуваат строги казни за лицата кои имаат два или повеќе брака во исто време.

    „Додека досега нарушувањето на лојалноста меѓу брачните партнери го нарекувавме морален проблем, во предлог-измените на Кривичниот законик, ова ќе биде кривично дело за кое може да се изрече затворска казна до 3 години“ – објави албанскиот портал Сот.

    Според Предлог-законот доставен на расправа во албанската влада, одржување на два или повеќе брака истовремено, или соживот во исто време со еден или повеќе партнери, се казнува со парична казна или со затвор до 3 години.

    Доколку бигамијата или полигамијата продолжи и по првото осудување, престапникот се казнува со затвор од 6 месеци до 4 години.

    Според Семејниот законик, заеднички живот се нарекува кога двајца индивидуи имаат емоционална врска и живеат како пар, што се карактеризира со заеднички живот, кој претставува карактер на стабилност и континуитет.

    Полигамијата е забранета во Албанија. Граѓанскиот законик дозволува бракот да биде само помеѓу еден маж и една жена. Мажите не смеат да стапат во брак со повеќе жени. Меѓутоа, во некои рурални заедници има случаи кога мажите стапуваат во брак со две или три жени.

    „Состојбата на одржување на паралелни бракови или соживот не е непозната појава во Албанија. Не ретко во медиумите сме виделе мажи кои кохабитираат со две жени за да создадат можност да остават повеќе наследници. Имало случаи кога мажи одржуват неколку паралелни врски, од кои имаат и деца. Во одредени случаи, користејќи ја довербата, одредени поединци одржуваат повеќекратни бракови во исто време“ – пренесува Топ чанел.

    Најсвеж е случајот на лекарот Дервиш Хаси кој имал 3 брака, а 4 брак го склучил со 16-годишна малолетничка, поради што завршил зад решетки.

    Фото: принтскрин Сот

     

    Врз основа на случајот со експлоатација на малолетничка од страна на 42-годишниот лекар Дервиш Хаси, Народниот бранител препорача законски измени во Семејниот законик и Кривичниот законик за отстранување на сите законски исклучоци кои дозволуваат бракови под 18 години или злоупотреба на малолетни лица.

    Хирургот Дервиш Хаси, кој беше уапсен во јануари годинава, обвинителството го товари за кривични дела порнографија и обљуба со малолетници, пренесува Сот.

    Во сведочењето дадено пред истражителите, малолетничката ја признала врската со лекарот и рекла дека сексуалните односи биле извршени консензуално во неговиот стан откако таа наполнила 16 години.

    Во досието девојката тврди дека докторот го запознала на 14 години и откако комуницирале тие се вљубиле. Таа додава дека се омажила за докторот со одобрение од оџа и со документ наречен НИКАХ.

    Таа додава дека е муслиманска верничка и дека нејзината религија дозволува мажот да има неколку жени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img