Познатиот актер Кристијан Бејл деновиве летува во Хрватска.
Според порталот „24сата.хр“, Кристијан со семејството пристигнал во Хрватска и биле на Хвар, а потоа заминале во Мљет.
На страницата на Инстаграм на луѓе кои се занимаваат со изнајмување велосипеди, се појави фотографија од познатиот актер.
„Погодете кој возеше велосипед со нас денеска? Нема погрешен одговор“, напишале тие, а меѓу понудените одговори биле Кристијан Бејл, Брус Вејн и Бетмен.
„Бетмен пристигна во Хрватска“, „Легенда“, „Тој е толку кул“, „Легендарниот Бетмен“, се само дел од коментарите под објавата.
Бејл го толкуваше ликот на Брус Вејн, односно Бетмен, во неколку филмови на Кристофер Нолан.
Кристијан Бејл го толкуваше ликот на Брус Вејн/Бетмен три пати во серијата филмови на Кристофер Нолан, која ги вклучува: „Batman Begins“ (2005), „The Dark Knight“ (2008) и „The Dark Knight Rises“ (2021).
Инаку, сопругата на Бејл, Сандра Сиби Блажиќ е по потекло од Србија, а тие се 24 години во среќен брак и имаат две деца – син и ќерка.