More

    Актерот и режисер Шон Пен се врати во Украина

    spot_img

    Актерот и режисер Шон Пен (61) во понеделникот вечерта по 26 дена се врати во Украина. Причината за првата посета беше снимањето на документарен филм за руската инвазија, а сега е во Лавов поради хуманитарна помош.

    Оскаровецот на Твитер објави дека е во Украина, поточно во Лавов каде им помага на бегалците. Тој на социјалната мрежа објави фотографија со гувернерот Максим Козитски.

    Неговата добротворна организација работи на обезбедување сместување и образование за украинските бегалци во Полска.
    Да потсетиме, во пресрет на Оскарите, Пен се закани дека ќе ги уништи сите свои златни статуи доколку Академијата не му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се обрати на церемонијата на доделувањето на наградите.

    – Нема ништо поголемо што може да направи доделувањето на Оскарите од тоа да му се даде можност на Зеленски да разговара со сите нас. Сфатив дека е донесена одлука да не се направи тоа. Не коментирам дали претседателот Зеленски го сакал тоа или не – рече Пен.

    – Ако Академијата одлучи да не го поддржи раководството во Украина и народот кој добива куршуми и бомби за нас, заедно со украинските деца кои се обидуваат да ги заштитат, тогаш мислам дека сите тие луѓе и секој дел од таа одлука ќе бидат најнепристојниот момент во историјата на Холивуд – додал актерот.

    – Не ги следеше Оскарите – открил за CNET извор близок на актерот.

    Засега не е познато дали актерот ги уништил своите награди.

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img