Актерот Бред Пит неодамна го промовираше новиот филмот „Волци“ (Wolfs) во режија на Џон Вотс, а за една сцена искористил и една добро позната пцовка на Балканот.
Имено, по излегувањето на филмот во кој главните улоги ги толкуваат Бред Пит и Џорџ Клуни на стриминг платформата „Епл ТВ+“, на Јутјуб се појави видео од сцена во која Пит изговара пцовка.
Во текот на една сцена на танцување во сала за свадби, Клуни му се обраќа на Пит, кој на крајот изговара „п…у материну“, или барем нешто што би требало така да звучи. Во истата сцена се појавува и хрватскиот актер Златко Буриќ, кој пред тоа и на двајцата им се обраќа со реченицата: „Оладете, да ви е..м!“.
Хрватскиот актер Златко Буриќ во филмот игра руски мафијаш, па се претпоставува дека сценаристите всушност сакале псовка на руски јазик, но најверојатно згрешиле.
Филмот беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција оваа година.