Актерката со неверојатен гест кон бездомник

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Актерката Џенифер Гарнер, инаку, поранешната сопруга на Бен Афлек, успеа повторно да ги воодушеви сите.

Папараците ја снимиле Џенифер Гарнер како излегува од својот автомобил кога на улица видела бездомник во количка. Актерката со насмевка разговарала со мажот облечен во зелена маица и во еден момент му подала најлонско ќесе полна со основни работи.

А кога сфатила дека мажот е бос, веднаш ја отворила вратата, излегла од возилото, клекнала пред него и почнала да му ги облекува чорапите.

 

Гарнер тогаш дури и ги соблекла своите патики и се обидела да му ги облече, но тие беа премали. А тогаш Џенифер забележала папараци како ја снимаат оваа ситуација.

„Која големина на стапалата имате? Може ли да му ги купам твоите чевли? Му требаат чевли“, прашала Џенифер.

Фотографот праша која големина му е потребна на човекот. „10 и пол“, одговорила Гарнер.

„Ох, јас носам 11! Сакаш да му дадам? Можам да му го дадам“, радосно одговорил тој и ѝ рекол на добитничката на Златен глобус дека не мора да му плати.

- Advertisement -
Ad image

Џенифер, како и фотографот, со овој гест заработија аплаузи од целиот свет, а речиси и да нема личност која позитивно не ја искоментирала оваа постапка.

 

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article