More

    Актерката Ева Лонгорија топлите летни денови ги поминува на плажа во познатото шпанско одморалиште Марбела

    spot_img

    Актерката Ева Лонгорија (48) топлите летни денови ги поминува на плажа во познатото шпанско одморалиште Марбела.

    Таму сега се појави во црн дводелен костим за капење со ленти и го откри своето тело откако ослабе 20 килограми.

     

    Ева уште еднаш покажа како изгледа да се симнат толку килограми на здрав начин – згодната актерка сè уште има облини, а е совршено обликувана. Се чини дека Ева изгледа подобро од кога било.

    Тајната, како што рекла еднаш, е во тоа што по еден час дневно скока на трамболина, редовно вежба, а престанала да консумира шеќер, тесто и алкохол, додека најмногу јаде органска и свежа храна. Менито на Ева се променило со тоа што почнала да јаде повеќе зеленчук, особено спанаќ. Покрај тоа, актерката секојдневно консумирала брокула и прокељ, а целосно го исфрлила шеќерот.

     

     

    Денот на Лонгорија обично започнува со пржени јајца и свежо овошје. За ручек јаде месо и  зеленчук подготвен на пареа. За вечера сака риба и зеленчук, а како ужина јаде свежи краставици, јаболка или јогурт со вкус на ванила.

    Еднаш неделно си дозволува да згреши, па се почестува со парче пица или чипс.

    „Сите мислат дека постои некоја посебна тајна за да изгледате добро, но тоа не е точно. Две работи се клучни: исхраната и физичката активност“, вели Лонгорија.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img