More

    Актерката без проблем го покажа целулитот, изгледа одлично во портокалово бикини

    spot_img

    Холивудската актерка Ева Лонгорија ужива на одморот во Шпанија со сопругот Хозе Бастон и синот Сантијаго, а нејзините фотографии од плажа во бикини никого нема да остават рамнодушен.

    Ева Лонгорија (49) изгледа неверојатно на плажата во Марбела во портокалово бикини, кое се состоеше од триаголен горен дел и долен дел на врзување, пишува „Дејли мејл“.

    Семејството уживало во пливањето во морето и биле видени како се забавуваат, качувајќи се на педалинка во облик на автомобил.

    Ева без грам шминка на лицето, го покажа беспрекорниот тен, додека косата и беше врзана во опавче.

    Ева и Хозе се преселиле во Марбела од Лос Анџелес во 2023 година, откако купиле мега вила со шест спални соби и седум бањи на шпанскиот брег.

    Ева и мексиканскиот бизнисмен неодамна ја намалија цената на нивниот двокатен дом во Беверли Хилс од 22,8 милиони долари на 18,9 милиони долари – и веќе почнаа да пренесуваат предмети до нивната ново реновирана куќа во Марбела.

    „Ева и Хозе засекогаш го напуштаат Лос Анџелес и повторно го ставија својот дом на продажба“, изјави извор за „Дејли мејл“ ексклузивно во април.

    Фотографиите од Ева Лонгорија во портокаловото бикини можете да ги погледнете ТУКА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img