More

    Ако малите фирми одат на слободен пазар тоа ќе биде олеснување за сите

    spot_img

    Првиот човек на Регулаторната комисија за енергeтика Марко Бислимовски не очекува летово да се намали мрежарината за струјата бидејќи не се создадени екстремни услови за да се стори тоа, но вели дека од 1 јануари кога ќе треба да се определи нејзината цена под одредени услови е можно да се намали. Тој вели дека притисокот врз цената на струјата за домаќинствата може да се намали со префрлање на слободен пазар на малите фирми.

    Ова е одговор на првиот регулатор на барањето на експертите да се интервенира во цената на мрежарината пред да се утврди цената на струјата.

    – Мрежарината во овој момент се утврдува кон крајот на годината. Цената на мрежарините ќе се определи кон крајот на декември согласно методологијата, ако нема драматични промени, но ако има ние тоа ќе го направиме порано. За од 1 јануари ќе видиме, дали ќе има намалување на загубите. Ќе имаме нова влада, ново раководство на ЕСМ и веројатно ќе има и промени во политиката, па и онаа кон загубите, па е можно и мрежарината да се намали – рече Бислимовски.

    Во однос на можноста да се намали цената на струјата за домаќинствата, Бислимовски рече дека е можно ако се намали притисокот од малите фирми кои се снабдуваат со струја на регулираниот пазар. Според него, на слободен пазар за нив е пониска струјата и тој апелираше до угостителските објекти, дуќанчињате и другите мали фирми кои сега се снабдуваат преку ЕСМ Хоме од регулираниот пазар да се префрлат на слободниот пазар на струјата.

    – Тогаш 220-230 милиони киловатчасови ќе се земаат од слободен пазар, а тоа ќе значи и дека ќе нема притисок на регулираниот пазар и притисок врз цената за домаќинствата – рече Бислимовски.

    Во однос на реакцијата на пекарниците дека цената на струјата е добар дел од нивните трошоци и дека тоа ќе влијае на зголемување на цената на лебот, рече дека тоа е лага бидејќи најголемите пекарници се на отворен пазар.

    – Принуден сум да ја кажам вистина и да ги демантирам. Големите пекарски, компаниите кои обезбедуваат 90% од лебот по закон се на слободен пазар, а таму струјата е со далеку пониска цена од претходно, така што не може да се каже дека цената на лебот зависи од цената на струјата – рече Бислимовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img