Министерството за образование и наука соопшти дека ја вклучува јавноста во реформирањето на националниот образовен систем, водејќи се од принципите на транспарентност и инклузивност во креирањето на образовните политики.
Како што наведуваат од МОН, еден од приоритетите во овој процес е унапредување на содржината на наставните програми во основното и средното образование и во таа насока, Министерството ги повикува сите заинтересирани, засегнати чинители и особено стручната јавност да дадат свои сугестии за менување на постојните наставни програми, но и сугестии за изработка на нови.
– Унапредувањето на содржините на наставните програми е процес во кој е повикан да се вклучи секој родител, наставник, стручна и научна јавност, затоа што само со активно учество на засегнатите страни националниот образовен систем може да фати чекор со динамиката на 21 век. Очекуваме конструктивни и ефективни сугестии, кои се важни патокази во заедничката заложба за подобрување на квалитетот на образованието како основа за севкупен развој и просперитет на државата, за социјална трансформација и демократизација – стои во соопштението на Министерството.
Наставните програми во основно и средно образование може да се погледнат на следните линкови:
– за I, II, IV, V, VI, VII, VIII и IX одделение: https://www.bro.gov.mk/%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B8/?idcat=50&customposttype=documents_category
-за средно образование, општо-образовни предмети на линкот https://www.bro.gov.mk/%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B8/?idcat=13&customposttype=documents_category
-и за средно стручно образование на линкот https://csoo.edu.mk/pocetna/struki/.
Сугестии, забелешки и коментари може да се испраќаат преку е-пошта kabinet@mon.gov.mk најдоцна до 28 февруари, годинава.