More

    Адвокатка ги открива своите најчудни бракоразводни парници

    spot_img

    Адвокатката Холи Мур (43), која најчесто работи на бракоразводни парници, открила на Инстаграм некои од најчудните причини за прекин на бракот. Таа решила над 2.000 разводи во своето долгогодишно искуство.

    Мур рекла дека таквите случаи ѝ ги отвориле очите.

    „Имав пар кој беше опседнат со коњски трки. Тие имаа навистина скап коњ и сакаа да му ја заштитат спермата, но дошло до несогласување“, адвокатката го истакнала нејзиниот чуден случај.
    Во друг случај застапувала сопруг во бракоразводната парница, па додека прегледувале сѐ со вредност во куќата за да направат проценка (кауч, трпезариски маси и друго), сопругата прашала: „А што ќе правиме со батериите?“ Сакала да ја знае вредноста на батериите на далечинскиот управувач, телевизорот и на ѕидниот часовник, што било бизарно според Мур.

    На крајот, адвокатката ја споделила тајната на среќниот брак.

    „Тајната на среќниот брак почнува со брак со вистинската личност“, вели Холи, додавајќи дека сличните „погледи на светот“ се многу важни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img