Познатата манекенка Адријана Лима се огласи на Инстаграм и објави дека се омажила за долгогодишниот партнер Андре Лемер, со кој има син. Таа објави фотографија од нивните раце на кои се гледаат бурмите, а тие позираат на плажа.
„Официјално г-дин и г-ѓа Лемер“, напиша манекенката на фотографијата.
Лима претходно беше во брак со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ и со него има две ќерки Валентина и Сијена. Таа ја потврди врската со Лемер во 2021 година.