More

    Ника Тошиќ го отследи Душко од Инстаграм по семејната драма

    spot_img

    Помалата ќерка на српската пејачка Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, Ника, во петокот блесна на полуматурата, по драмата помеѓу нејзините родители, пишува „24седам.рс“.

    Тие моментално се главна тема во регионалните медиуми и на социјалните мрежи, па се води дебата за тоа кој е во право. Сите се согласни во едно, да нема насилство и да не страдаат децата, што се случи и во нивната куќа во Дедиње во пресрет на поматурата на нивната ќерка.

    Тошиќ, инаку, без разлика што не се следи со ќерката на Инстаграм, во петокот, гордо ги објави нејзините фотографии, но Ника повторно објави само емотивни изјави на својата мајка Јелена.

    – Ника го отследи Душко од Инстаграм и тоа е единствениот одговор на сите прашања што ги имате денес за ситуацијата Карлеуша-Тошиќ. Децата најдобро ги резонираат ситуациите и секогаш се на вистинската страна. Жал ми е што го споделувам ова, но вистината мора да се знае – напиша еден корисничка на социјалната мрежа Твитер, сегашен Икс.

     

    Сепак, не е познато од кога таткото и ќерката не се следат на Инстаграм и дали тоа е еден од показателите за нивните семејни односи, а Јелена никогаш не кажала како нејзините ќерки Атина и Ника гледаат на нивниот брак, ниту сега кога го пријави во полиција за насилство.

    – За да се смират медиумските пишувања и непотребното кревање прашина поврзани со мојата брачна ситуација, ќе ги замолам сите да имаат разбирање за приватноста на семејството и тешкиот период во кој се наоѓаме. Нема да давам изјави на оваа тема и жал ми е што јавноста против моја волја беше информирана за овие работи. Одиме понатаму, ќе биде подобро. Мора. Ви благодарам на сите – изјави Јелена Карлеуша по инцидентот.

    Инаку, во петокот доцна навечер Душко дошол во куќата во која сè уште живее со Јелена и ќерките, па ги нападнал Јелена и нејзиниот пријател, барајќи од пријателот да го напушти домот. Како што напишаа српските медиуми, Тошиќ дошол во куќата од која има клуч и како што навеле „очигледно бил под дејство на алкохол“, а пријателот на Јелена го фатил за врат и го удрил неколкупати по главата и телото.

    Карлеуша се обидела да ги раздели, но Душко ја повлекол Јелена за коса и ја удрил неколкупати по главата и телото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img