АДИССДП гради комерцијална зграда во Битола по период од 12 години
“Зградата ќе има 65 станбени единици, 11 деловни простории”, изјави Генералниот директор на Друштвото Марјан Стефановски кој денеска заедно со заменик претседателот на Владата и Министер за транспорт и врски, Александар Николовски присуствуваше на поставувањето камен темелник на објектот.
Стефановски посочи дека рокот на изградба на зградата, која има површина од 3900 м2 е 20 месеци.
Според министерот Николовски , Друштвото преку изградба на комерцијални згради го регулира пазарот на недвижности.
“Со оглед на тоа дека станбениот квадрат е драстично зголемен фактот дека овие станови и деловни простории ќе бидат за најмалку 30-40% пониски од сега актуелните во Битола е верувам од големо значење за сите”, изјави Николоски.
Според него на овој начин ќе се стави крај на уцените на градежниците кои го продаваат станбениот квадрат по цени кои не соодвејствуваат со стандардот на македонските граѓани.
Задоволство поради отпочнување на градбата изрази и градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски кој посочи дека во овој град има голема побарувачка за станови.