More

    Вучиќ вели дека Курти копнее да стане Зеленски

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва ѝ се обрати на јавноста.

    – Сите луѓе во Србија се под притисок по две страшни трагедии. Луѓето обично мислат дека кога ќе почнете да зборувате за Косово, „навикнавме, доста ни е“, и мислам дека најтешката ситуација на Косово сега доаѓа, нешто што досега не сме го виделе и не сме можеле да сонуваме дека ќе се случи, а сето тоа благодарение на провокативните постапки и страшно неодговорното однесување на Албин Курти. Се плашам од општа несигурност, нестабилност, дури и од големи конфликти, затоа што знам дека Србите не можат да го толерираат ова, а знам дека овој другиов е тој кој предизвикуваше сè, кој не сака да се пензионира затоа што копнее, сонува и фантазира да биде Зеленски. Кога зборував за тоа, луѓето не ми веруваа – рече Вучиќ во гостување на ТВ Пинк.

    – Вечерва добив пораки од одредени амбасадори дека се загрижени за утре и задутре. Не мислам ни „утре“ фигуративно, туку суштински, Србите дефинитивно ќе протестираат, ќе ги бараат назад зградите кои беа узурпирани и украдени со помош на полициски сили. Во наредните денови, во вторник и среда, ќе имам средби и со Макрон во Братислава, со сите регионални лидери и со Лајчак, а на 1 јуни ќе одам во Кишињев, на средба на Европската политичка заедница каде ќе има 46 политички лидери – рече Вучиќ.

    Откако вчера ја напушти позицијата претседател на Српската напредна партија СНС, на местото на Вучиќ дојде Милош Вучевиќ, актуелниот министер за одбрана.

    Вучевиќ изјави дека ќе се приклучи на новото Народно движење за Србија кое Вучиќ најави дека ќе го формира велејќи дека со Вучиќ „нема разделба“ и дека партијата продолжува да работи во ист ритам.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img