АД „Пошта” соопшти дека поради одржување и надградување, а со цел подобрување на работењето, компјутерскиот систем во единиците на поштенската мрежа работел со намален капацитет и брзина, но во ниту еден момент немало прекин во доставата на поштенски пратки.
– Продолжуваме посветено да работиме во интерес на нашите корисници – информираа од „Пошта”.