АД МЕПСО информира дека според регистрираното на броилата на кои се бележи испорачаната електрична енергија од електропреносниот систем, МЖ Транспорт во последниве денови преземал одредени количини електрична енергија од преносната мрежа и дека генерално, преземените количини прават дисбаланс во системот, но тие количини се мали за да бидат окарактеризирани како загрозувачки за работењето на електропреносниот систем.
„И покрај тоа што МЖ Транспорт во моментов нема снабдувач за електрична енергија, АД МЕПСО не ја исклучи оваа компанија од електропреносната мрежа бидејќи согласно законските одредби МЖ Транспорт е од посебна важност за одвивање на нормалниот живот на граѓаните и за функционирање на стопанството“, се наведува во соопштението од АД МЕПСО.
Од таму најавуваат дека ќе преземат соодветни чекори за неовластеното преземање струја.