More

    АД ЕСМ е во преговори со САД и Велика Британија за инсталирање на мали нуклеарни реактори во земјава чија цена изнесува околу 2 милијарди евра за инсталиран капацитет од 470 мегавати

    spot_img

    АД ЕСМ е во преговори со САД и Велика Британија за инсталирање на мали нуклеарни реактори во земјава чија цена изнесува околу 2 милијарди евра за инсталиран капацитет од 470 мегавати, соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на средба со новинари на која тема беа новите стратешки инвеститори во енергетиката.

    Од другите инвестиции кои ќе ги реализира ЕСМ тој ги издвои и гасните централи во Битола и Неготино.

    -Веќе има потпишано и меморандум со американската компанија „Џенерал електрикс“ за изградба на гасна електрана во ТЕЦ Неготино со инсталиран капацитет од 800 мегавати и во РЕК Битола за дополнителни 300 мегавати – рече тој.

    Битиќи рече дека олекува дека кризата ќе биде надмината и инвестициите во енергетиката ќе се сголемат, се со цел да се намали зависноста на земјата од увоз на енергија.

    Тој соопшти дека од 16 апликации за стратешки инвестиор 7 се од областа на енергетиката. Со 4 веќе се завршени преговорите и утре на собраниска седница треба да се разгледаат предлог законските решенија за добивање статус стратешки инвеститор.

    -Сите четири потенцијални стратешки инвеститори веќе имаат доставено банкарска гаранција, а според бизнис плановите кои ги имаат доставено вкупно ќе инвестираат 786 милиони евра – рече Битиќи.

    На дневниот ред на утрешната 140. седница на Собранието се ставени Предлог-законот за реализација на стратешкиот инвестициски проект „Митилинеос“, когенеративна постројка Скопје, по скратена постапка, Предлог-законот за реализација на Стратешкиот инвестициски проект „Соларен парк Стипион“ и Договор за стратешки инвестициски проект „Соларен парк Стипион“, по скратена постапка, Предлог-законот за реализација на стратешкиот инвестициски проект АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ, по скратена постапка и Предлог-законот за реализација на стратешкиот инвестициски проект соларна електрична централа – Пехчево, по скратена постапка.

    Здружението на инженери (ИНРМ) вчера достави допис и упати електронска порака до секој пратеник во Собранието поединечно, со кои бараат да не даваат поддршка на четирите, како што велат, штетни предлог закони за реализација на стратешки енергетски инвестициски проекти зашто го нарушуваат енергетскиот суверенитет на државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img