Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас изјави дека ветото од САД на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара хуманитарен прекин на огнот во Газа ги направи Американците соучесници во „воените злосторства против Палестинците“.
„Претседателот Абас ја опиша американската позиција како агресивна и неморална, како флагрантно кршење на сите хуманитарни принципи и вредности и смета дека САД се одговорни за крвопролевањето на палестинските деца, жени и постари лица во Појасот Газа“, соопшти канцеларијата на Абас во писмена изјава.
Абас го припиша потегот на САД на американската „срамна политика која ја поддржува израелската окупација и бруталната агресија“.
-Таа американска политика ги прави соучесници во злосторствата на геноцид, етничко чистење и воени злосторства извршени од израелските окупаторски сили против Палестинците во Газа, Западниот Брег и Ерусалим- потенцира Абас.
Тој предупреди дека таквите политики станаа опасни за светот и претставуваат закана за меѓународниот мир и безбедност.
Абас истакна дека палестинските власти ќе заземат цврст став како одговор на случувањата.