More

    Траорната поворка во паника вреска, за влакно избегната трагедија

    spot_img

    На погреб во романскиот град Бордосиу, во областа Муреш, се случи несекојдневен инцидент кој предизвика паника кај присутните. На пат кон гробиштата, погребната поворка се соочи со мечка, што предизвика вознемиреност кај 70 луѓе кои дојдоа да го испратат починатиот.

    Според известувањето на романскиот ТВ канал Антена 3, мечката ненадејно се појавила во шумата и застанала на патот на погребната поворка. Преплашените луѓе почнале да викаат и ја натерале мечката да се врати во шумата, но присутните тврдат дека мечката често се појавува на просторот околу гробиштата.

    -Види мечката! Доаѓа кон нас! Доаѓа кон нас! – раскажуваат испаничени луѓе кои дошле да го испратат починатиот.

    Луѓето панично почнале да бегаат. За среќа, крикот и бркотницата го исплашиле животното, кое се повлекло во шумата, но сепак продолжило да го гони својот плен.

    – Да бевме помалку, мечката сигурно ќе не нападнеше, вака се исплаши. Истрча по ридот, се сврте и нѐ погледна брзо неколку пати. Вториот пат се упати кон нас и се приближи уште повеќе, но повторно се повлече. Луѓето ги фати паника и почнале да врескаат, а мечката била многу вознемирена – вели еден од присутните.

    Романските медиуми потсетуваат дека мечка неодамна направи масакр во село во близина на Регина. Успеала да сруши дел од шталата и да убие 30 овци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img