Американскиот професионален НБА кошаркарски тим Атланта Хокс го отпушти тренерот Нејт Мекмилан (58) и како привремено решение го замени со Џо Пранти (54).
Мекмилан беше главен тренер на Хокс од 1 март 2021 година и го предводеше тимот до финалето на плејофот на Источната конференција таа сезона. Минатата сезона, по резултат 43-39 во лигашкиот дел од сезоната, Атланта во плеј-офот влезе само преку „плеј-ин“ за во првото коло да биде елиминирана од Мајами Хит, а во тековната сезона со со резултат 29-30, тимот се наоѓа на осмата позиција на Истокот, односно повторно го држи местото кое води до „игра ин“.
Пред Атланта, Мекмилан исто така го водеше клубот каде ја помина целата своја играчка кариера како главен тренер: Сиетл Суперсоникс (2000-2005), Портланд Трејл Блејзерс (2005-2012) и Индијана Пејсерс (2016-2020) и постигна победа-пораз сооднос 760 -668 во лигата, или 28-48 во плеј-офот.
Ова ќе биде втор пат за Прунти во неговата кариера како главен тренер, во текот на 2018 година тој ги предводеше Милвоки Бакс до рекорд од 21-16.
Како главен кандидат за ново трајно решение на клупата на Хокс се споменува Квин Снајдер, кој успешно ги водеше Јута Џез од 2014 до 2022 година.