Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг изјави дека Пекинг е длабоко загрижен поради конфликтот во Украина, кој „се интензивира и излегува од контрола“.Пекинг објави предлог чија цел е изнаоѓање политичко решение за ставање крај на војната во Украина, наведува АФП.
Вашингтон ја обвини Кина дека размислува да испрати оружје во Русија, што Пекинг го негираше.
„Помина речиси една година откако кризата во Украина ескалира на сите страни“, рече Син во Пекинг, на конференцијата за глобална безбедност.
Чин побара од земјите вклучени во конфликтот што поскоро да престанат да додаваат масло на огнот и да ја обвинуваат Кина.
„Пекинг ќе понуди кинеска мудрост за политичко решение на украинската криза и ќе соработува со меѓународната заедница за промовирање на дијалог и консултации“, рече Чин.