Сина светлина го осветли небото пред новиот земјотрес во Турција.Автомобилските камери го снимија моментот на уште еден страшен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер кој се случи во понеделникот во Турција.
Покрај силното тресење, на вознемирувачката снимка се гледа сина светлина која го осветли небото непосредно пред почетокот на потресите.
Ваквите чудесни блесоци го осветлија небото над Турција во моментот на првиот разорен земјотрес на 6 февруари оваа година. Тогаш на небото се појавиле молњи, а подоцна било објаснето дека од тресењето на земјата се ослободуваат електрични полнежи од карпите, кои поради земјотресот испуштаат сина и зелена светлина кон небото.