На 16.02.2023 во 17.45 часот во Скопје, полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога и оружје во Одделот за криминалистичка полиција при МВР и од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.С.(41) од Скопје.
При претрес во неговиот дом ,извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе пакувања со гранки и лисја од растението канабис, семки од канабис и едно пакување со густа црна материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.