Советникот на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Алексеј Арестович прогнозира дека војната треба да заврши до мај, бидејќи Русија ќе остане без ресурси за продолжување на инвазијата, пренесува Ројтерс.
„Мислам дека војната ќе заврши во мај, почетокот на мај, треба да имаме мировен договор, можеби многу порано, ќе видиме, зборувам за најновите можни датуми“, рече тој во видео изјава објавена од неколку украински медиуми. .
На дваесеттиот ден од руската инвазија на Украина, поради гранатирање избувна пожар во неколку станбени згради во Киев, при што загинаа најмалку две лица.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека преговорите меѓу делегациите на Украина и Русија ќе продолжат во вторник, а ЕУ го усвои четвртиот пакет санкции против Русија.