Во Турција се уапсени 15 лица под обвинение за градежни дефекти во зградите кои се урнаа во земјотресот во провинцијата Дијарбекир, јавува Анадолија.
Обвинителството во Дијарбакир отвори истрага за утврдување на дефекти во изградбата на зградите кои се урнаа во земјотресот на 6 февруари.
Полицијата денеска уапси 15 осомничени меѓу кои и изведувачи, а се товарат за кривично дело „убиство со умисла“.
Во тек се напори за апсење на уште шестмина осомничени кои се во бегство.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала во понеделникот на 6 февруари ги погодија јужните делови на Турција со епицентар во Кахраманмарас.
Бројот на загинатите во земјотресите во Турција се искачи на 35.418, а во соседна Сирија на 3.688.