Најдено е решение помеѓу институциите Претседател на Република Северна Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 проценти за административните службеници во Кабинетот.
„Постигнатото решение предвидува внатрешна прераспределба на средства во рамките на постоечкиот и одобрен буџет за 2023 година за Кабинетот. Со ова решение целосно се почитува Колективниот договор, а уште еднаш повторуваме дека претседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати“, се појаснува во соопштението од Кабинетот на претседателот на државата.
фото: МИА