More

    Премиерот им се заблагодари на лозарите за квалитетното вино што го произведуваат

    spot_img

    Посакувајќи плодна година, премиерот Димитар Ковачевски, министри, дипломати, пратеници, лозари и винари беа денеска на свеченото закројување лозје во кавадаречкото село Ресава, по повод верскиот празник „Свети Трифун”, што се смета за заштитник на лозарите и на винарите.

    – Во чест на празникот Св. Трифун, традиционално ги закроивме лозjaта со желба и надеж за уште една поплодна година од минатата. Денеска го празнуваме трудот на луѓето кои со квалитетот на нивното вино нѐ прославуваат како држава низ светот, по што, меѓу другото, сме и почитувани насекаде. Тука сме за да им помогнеме, да ги поддржиме, да им оддадеме признание за нивната макотрпна работа и да им дадеме уверување дека и оваа година ќе им обезбедиме квалитетни услови за работа, како што тоа го правиме континуирано и без никакави задршки – рече премиерот.

    Тој нагласи дека квалитетот на нашето вино е препознаен во светот, за што, освен убавите зборови, зборуваат и бројните награди и нагорниот тренд во извозот на вино.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img