На социјалните мрежи се појави видео од бездната создадена по земјотресот во турскиот град Хатај.Да потсетиме, покраината и градот Хатај се меѓу најпогодените од земјотресот.
Се наведува дека пукнатината во земјата е длабока 40 метри и долга 300 метри. Вакво нешто не сме виделе во животот“, велат жителите.
Да потсетиме, од првиот земјотрес во Турција и Сирија поминаа седум дена, а бројот на загинатите надмина 33.000. Спасувачките операции продолжуваат.
Властите соопштија дека околу 6.500 згради во Турција се урнале, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, која погодува околу 13 милиони луѓе. Можеби до 23 милиони луѓе се погодени, вклучително и пет милиони од ранливите групи, според Светската здравствена организација (СЗО), која стравува од голема здравствена криза.