More

    Секогаш има надеж: Смрзната девојка спасена од урнатините 150 часа подоцна

    spot_img

    Мало девојче е спасено од урнатините на зграда во провинцијата Хатај, дури 150 часа по земјотресот што во понеделникот го погоди јужниот дел на Турција, јавува Анадолија.

    Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа објави видео од девојче кое е извлечено живо од урнатините во спасувачка операција со порака: „Секогаш има надеж“.

    Членовите на спасувачкиот тим го спасија девојчето од урнатините на зградата во Хатај, една од десетте провинции погодени од разорните земјотреси.

    На видеото може да се слушне разговорот меѓу девојката и здравствените работници додека ја носат на носилки. Се гледаше како малото девојче се тресе од студ.

    Спасувачите славеле откако девојчето било извлечено и спасено.

    Бројот на загинатите во земјотресите во јужна Турција се зголеми на 24.617, соопшти турскиот потпретседател Фуат Октај.

    Повеќе од 86.000 луѓе беа евакуирани од подрачјата погодени од земјотресите во други делови на земјата.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img