На 09 и 10.02.2023, од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога на територијата на државата беа спроведени координирани зајакнати активности за откривање на сторители на кривични дела во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, при што лишени од слобода се 26 лица. Во акцијата координирана од Одделот за криминалистичка полиција, а реализирана во содејство со Секторите за внатрешни работи извршени се претреси на дом и други простории, и тоа кај три лица на подрачјето на СВР Скопје, кај пет лица – СВР Куманово, кај осум лица во СВР Охрид, кај 10 лица – СВР Битола, кај пет лица во СВР Струмица, шест лица во СВР Велес, шест лица во СВР Тетово и кај 10 лица на подрачјето на СВР Штип. Во активностите се опфатени 53 лица за кои постоеле сознанија дека се инволвирани во шверц со дрога и оружје, а претресите се извршени во 46 куќи и помошни простории, седум станови, пет патнички моторни возила и два деловни објекта во 29 општини и градот Скопје. За време на претресите е пронајдена импровизирана мала лабораторија за производство на марихуана во Белчиште, охридско, ќеса со семки од канабис и тегла со марихуана. Покрај ова, за време на активностите се пронајдени и одземени се: марихуана, хероин, 78 семки од растение, 19 пакувања со прашкаста материја, 18 паковки со грутчеста материја, 150 грама амфетамин, таблетки, шприцеви со течна материја, повеќе дробилки, ваги и млин, четири ловни пушки, три ловни карабини и една воздушна пушка, еден пиштол, гасен пиштол и шест куршуми, 12 патрони, 46 куршуми и 92 куршуми маневарска муниција, седум рамки за автоматска пушка и поголем износ на пари во различни валути и апоени, од кои само при претрес во Кавадарци се пронајдени 178 илјади денари кои потекнуваат од продажба на дрога. Против 19 лица ќе бидат поднесени кривични пријави по член 215, против 6 лица по член 396 од Кривичниот законик, како и два поднесоци по Закон за оружје.
Денеска (11.02.2023) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава. При контролата, приведени се пет лица од кои три по член 215 од Кривичниот законик каде при преглед кај нив била пронајдена дрога, едно лице поради сторено прекршување на член 80 од Законот за оружје и едно лице поради точење на алкохол на малолетници по член 204 од Кривичниот законик. При тоа констатирани се 70 прекршувања од Законот за угостителска дејност, од кои три за присуство на малолетници по 00.00 часот, две поради прегласна музика…
На 10.02.2023 во 21.30 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода С.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 09.02.2023 во 19.45 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(32) од делчевско. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.02.2023 во 22.15 часот на подрачје на Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Д.Б.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 09.02.2023 во 11.20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(40) од Скопје. При претрес во деловен простор на подрачјето на Чаир, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.02.2023 во 13.30 часот во Полициска станица Кичево, Т.Н.(47) од Кичево пријавила дека пред факултет во Кичево била нападната од куче скитник.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, 12 санкции за непочитување на брзината на движење, девет за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се четири мерки за возач почетник, три санкции за некористење на сигурносен појас…
На 10.02.2023 во 06.20 часот во Прилеп, на крстосница со кружен тек од ул.„Александар Македонски“, ул.„11 Октомври“ и ул.„Октомвриска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(57) од Прилеп и патничко возило „јети“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, каде сопатник бил полициски службеник. Во незгодата двајцата полициски службеници се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп. Увид извршила екипа од Полициска станица Прилеп.
На 10.02.2023 во 17.00 часот во Полициско одделение Зајас, Ш.Б.(74) од с.Зајас, кичевско, пријавил дека во с.Зајас бил каснат од куче скитник.
На 10.02.2023 во 16.25 часот во Полициска станица Штип, В.Л.(59) од Штип пријавил дека на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Штип бил каснат од куче скитник.