More

    Дваесет и шест лица се уапсени во координирана полициска акција во 29 општини низ Македонија

    spot_img

    Дваесет и шест лица се уапсени во координирана полициска акција спроведена вчера и завчера (9 и 10 февруари), соопшти МВР.

    Според МВР, биле извршени претреси кај 53 лица за кои постоеле сознанија дека се инволвирани во шверц со дрога и оружје. Претресени се 46 куќи и помошни простории, 7 станови, 5 патнички моторни возила и 2 деловни објекта во 29 општини и во Скопје.

    Во акцијата координирана од Одделот за криминалистичка полиција, а реализирана во содејство со секторите за внатрешни работи, извршени се претреси на дом и други простории – кај 3 лица на подрачјето на СВР Скопје, кај 5 лица – СВР Куманово, кај 8 лица во СВР Охрид, кај 10 лица – СВР Битола, кај 5 лица во СВР Струмица, 6 лица во СВР Велес, 6 лица во СВР Тетово и кај 10 лица на подрачјето на СВР Штип.

    -За време на претресите беше пронајдена импровизирана мала лабораторија за производство на марихуана во Белчиште, Охридско, ќеса со семки од канабис и тегла со марихуана. Покрај ова, за време на активностите се пронајдени и одземени се: марихуана, хероин, 78 семки од растение, 19 пакувања со прашкаста материја, 18 паковки со грутчеста материја, 150 грама амфетамин, таблетки, шприцеви со течна материја, повеќе дробилки, ваги и млин, четири ловни пушки, 3 ловни карабини и 1 воздушна пушка, 1 пиштол, гасен пиштол и шест куршуми, 12 патрони, 46 куршуми и 92 куршуми маневарска муниција, 7 рамки за автоматска пушка и поголем износ на пари во различни валути и апоени, од кои само при претрес во Кавадарци се пронајдени 178 илјади денари кои потекнуваат од продажба на дрога – информира Министерството за внатрешни работи.

    По итна постапка е поднесена кривична пријава против еден сторител за сторено кривично дело по член 215, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, против еден сторител во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 215, а по редовна постапка ќе бидат поднесени 17 кривични пријави против 17 сторители по член 215 за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, шест кривични пријави против шест сторители по член 396 за „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, против шест лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и два поднесоци по Закон за оружје.

    Коодинативната акција за откривање сторители на кривични дела во врска со недозволена трговија со дрога и оружје била спроведена од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img