Новиот раст ќе донесе нови вработувања

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По успешната 2021 година кога компанијата забележа раст од над 50 отсто во споредба со претходната година, се вработија повеќе од 150 нови лица, а „Брако“ и во 2022 година најавува интензивен раст на приходите, како и зголемување на бројот на вработени.

Извршниот директор на „Брако“, проф. д-р Кочо Анѓушев вели, очекувањата за 2022 година за фабриката во Велес е да се продолжи со засилено темпо на инвестиции, иновации и развој на производи кои би резултирале со раст од 35 отсто и отворање на нови работни места пред се’ за високо-стручни кадри.

И во услови на турбулентни години за бизнисот предизвикани од ковид-пандемијата, благодарение на храбрите одлуки на менаџментот, „Брако“ го зголеми уделот на пазарот и ги зголеми приходите.

Кризата беше проблем, бараше многу повеќе работа, но, морам да кажам беше и можност, истакна неодамна во интервју за МИА, проф. д-р, Кочо Анѓушев.

„Беше можност заради тоа што многу голем дел од нашата конкуренција ги затвори пазарите, ги затвори производните програми. „Брако“ никогаш не затвори. Значи, и покрај тоа што пазарот генерално се намали, бидејќи доста производни капацитети ги затворија своите погони, „Брако“ го зголеми уделот во пазарот и порасна во 2021 година за 50 проценти во споредба со 2020 година, а во 2020 година не се намали. „Брако“ во 2021 се справи успешно. Вработи 150 нови вработени и го зголеми прометот за 50 проценти благодарение на агресивниот пристап, на инвестициите во нови технологии во новиот бренд Green Machines, во развој на новите возила и за следната година имаме исто таков план да пораснеме уште 35 проценти“, истакнува проф. д-р. Анѓушев.

Компанијата во моментов е во инвестициски циклус вреден околу 9 милиони евра за изградба на нови современи погони и набавка на софистицирана опрема.

Како што истакнува проф. д-р. Анѓушев во интервјуто, нашата држава во индустријата нема друга шанса освен да инвестира во висока технологија.

„Брако“ има највисока технологија, најсовремени машини како CNC машини, роботи за заварување, плазма и ласери за сечење на материјали итн., и тоа ја прави компанијата конкурентна не само во однос на фирмите во регионот туку и низ целиот свет.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply