Спасувачите успеале да извлечат мајка и три деца кои биле затрупани под урнатините во градот Идлиб во Сирија. Нивното спасување е одбележано со силни радосни извици од бројните спасувачи.
Во Салкин, недалеку од Идлиб, извлечено е живо девојче кое било затрупано повеќе од 40 часа.
На социјалните мрежи се појави снимка од момче од Сирија кое се снимило под урнатините чекајќи помош, но не се знае дали е спасено.
– Го снимам ова видео, не знам дали ќе преживеам или ќе умрам. Ако ова видео се сподели, значи дека преживеав. Не можете да го знаете ова чувство ако не сте го доживеале ова. Само оние кои биле под урнатините можат да го разберат ова – вели момчето.