Сè уште важи одредбата од Правилникот за формирање на цени на горивата, што минатиот понеделник го донесе Регулаторната комисија за енергетика, а според кој трговската маржа за бензините и за дизелот е намалена за 33 отсто, и сега место 4,5 денари, изнесува 3 денари за еден литар.
Трговците не престануват да го изразуват своето незадоволство од вакваат одлука, особено што цената на горивата се намали поради владините мерки со кои се интервенираше во ацизата и во данокот на додадена вредност. Дел од бензинските пумпи дури се заканија и дека ќе прстанат да точат бензин, тврдејќи дека нема да можат да издржат со намалемата маржа.
Порталот Пари во соработка со платформата БизнисМрежа направи анализа на работењето на најголемите трговци со горива во 2019 и во 2020 година. Податоците за 2021 година се уште не се расположливи на платформата.
Од 10 компании со најголеми проходи, позитивен резултат во 2020 година имале 8. Генерално, она што може да се забележи е дека во 2020 година. компаниите имале значително намален промет и добивки во однос на 2019 година, што е и за очекување со оглед на пандемијата и локдауните што ги имаше во таа година. Исклучок е компанијата „Супертрејд“ која во 2020 година имала поголема добивка отколку во 2019 година. Компанијата „Окта“ пак, која е најголемиот узвозник на нафтени деривати и која според податоците на Регулаторната комисија за енергетика учествувала со 66,8 проценти во вкупниот увоз во 2020 година, истата година направила загуба од дури 8,5 милиони евра. Во загуба била и компанијата Омпетрол од скопски Петровец. Но, другите компании, иако поскормно од порано, и понатаму имале добивки, а дел од нив направиле милионски профити.
ТОП 10 КОМПАНИИ ПО ПРИХОДИ, А КОИ СЕ ВО БИЗНИСОТ СО ГОРИВА
КОМПАНИЈА | ПРИХОД 2020 | ПРИХОД 2019 | ДОБИВКА 2020 | ДОБИВКА 2019 |
---|---|---|---|---|
Макпетрол | 272.000.000 | 372.000.000 | 5.700.000 | 14.300.000 |
Окта | 251.000.000 | 452.000.000 | – 8.500.000 | 4.200.000 |
Супертрејд | 86.000.000 | 94.0000.000 | 1.500.000 | 1.200.000 |
Лукоил | 71.000.000 | 117.000.000 | 2.100.000 | 4.500.000 |
Дади трејд | 61.000.000 | 81.000.000 | 1.000.000 | 1.400.000 |
Црна Река | 42.500.000 | 48.600.000 | 4.500.000 | 7.000.000 |
Детоил | 39.700.000 | 52.000.000 | 100.000 | 2.900.000 |
Пуцко петрол | 34.000.000 | 46.400.000 | 2.700.000 | 2.680.000 |
Јавор шпед оил | 23.000.000 | 18.800.000 | 461.000 | 417.000 |
ОМ петрол оил | 18.500.000 | 30.000.000 | / | 150.000 |
Износите се во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа
За да ја комплетираме сликата за компаниите во бизнисот со горива за транспорт, обезбедивме уште 3 важни податока:
- Ја анализиравме профитабилноста на компаниите. Одличен економски податок е нето-профитната маржа. Овој податок покажува со колкав процент учествува нето добивката во вкупните приходи. Нето-профитната маржа се смета за најкомплексен показател за профитабилноста на една компанија, бидејќи ги зема во предвид сите трошоци во остварувањето на профитот.
- Ги нализиравме просечните плати во компаниите. Како што може да се заблежи од табелата, некои компании, и покрај помали добивки, во 2020 година ги зголемиле платите, но некои ги намалиле. Може да се забележи и огромни разлики во платите за истата работа, помали плати при поголема профитабилност, и обратно.
- Го ставивме „под лупа“ бројот на вработените – дали тој се зголемувал, или се намалувал во услови на намален промет.
НЕТО-ПРОФИТНА МАРЖА, ПРСЕЧНА ПЛАТА, БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ
Компанија | Нето профитна маржа 2020 (%) | Нето профитна маржа 2019 (%) | Просечна плата 2020 | Просечна плата 2019 | Број на враб. 2020 | Број на враб. 2019 |
Макпетрол | 2,11 | 3,91 | 33.071 | 30.595 | 1.854 | 1.835 |
Окта | -3,39 | 0,95 | 39.846 | 42.183 | 305 | 336 |
Супертрејд | 1,76 | 1,34 | 25.485 | 28.227 | 60 | 36 |
Лукоил | 3,04 | 3,85 | 33.621 | 37.652 | 146 | 151 |
Дади трејд | 1,96 | 1,72 | 17.988 | 17.781 | 14 | 11 |
Црна Река | 1,07 | 1,43 | 22.159 | 18.848 | 145 | 150 |
Детоил | 0,26 | 5,86 | 18.623 | 15.099 | 146 | 151 |
Пуцко Петрол | 1,07 | 1,43 | 22.159 | 18.848 | 145 | 150 |
Јавор шпед оил | 1,80 | 2,45 | 24.984 | 18.021 | 11 | 5 |
Омпетрол оил | -0,25 | 0,51 | 58.029 | 40.895 | 5 | 5 |
Износите се во денари | Извор на податоци: БизнисМрежа
Минатиот четврток Регулаторната комисија објасни дека е воведено привермено намалување на трговската маржа кај трговците со горива и дека страта трговска маржа ќе се врати кога Парламентот ќе ги усвои законските измени за акцизата и за ДДВ, но и кога доволно ќе се намали цената на горивата, без да прецизира до кое ниво. Во петокот пак, поминаа измените на Законот за акциза и Законот за додадена вредност. Со измените, зависно од берзанските промени, можно е намалување на акцизата од нула до 4 денари, а ДДВ се намали од 18 на 10 отсто. Во согласност со намалување на овие давачки, Регулаторна комисија за енергетика во саботата оджа седница и донесе одлука за новите цени, но во нивното формирање трговската маржа остана иста. Нова цена може да има уште денес.
Регулаторната комисија повика и на солидарност на сите чинители во формирањето на цената. Државата се откажа од дел од ДДВ, намалувајќи го од 18 на 10отсто за горивата, а за акцизата создаде законски услови таа да се намалуваод нула до 4 денари зависно од берзанските цени на горивата.
Целата анализа е достапна ОВДЕ.