Фудбалерот на Хатај, Кристијан Ацу, е извлечен жив од урнатините во истоимениот турски град, кој во понеделникот беше погоден од силен земјотрес.
Потпретседателот на Хатај, Мустафа Озат за локалните медиуми потврди дека репрезентативецот од Гана и поранешен член на Челзи, Њукасл и Евертон е повреден и извлечен од хотелот во кој престојувал.
„Кристијан Ацу е извлечен од урнатините со повреди. Спортскиот директор на нашиот клуб Танер Савут за жал се уште е под урнатините“, рече меѓу другото Озат.
Во понеделникот вечерта се појави информација дека Ацу е пронајдена жива, но набрзо беше демантирана со забелешка дека се уште е под урнатините.
31-годишниот фудбалер постигна гол од слободен удар за победа на Хатај во 90.+7. минута во неделата навечер.
Според последните информации, најмалку 4.300 луѓе загинале во земјотресот во Турција и Сирија.