ЕУ воведува забрана за увоз на руски нафтени деривати и нов режим за контрола на нивната преработка ширум светот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ЕУ воведува забрана за увоз на руски нафтени деривати и нов режим за контрола на нивната преработка ширум светот.

Забраната е резултат на договорот меѓу групата седум демократски земји.

Членките на ЕУ отсега ќе купуваат дизел гориво од САД, Блискиот Исток и Индија за да го заменат руското гориво кое во еден момент покриваше десет проценти од потребите на Европа.

Експерти и нафтени компании предвидуваат дека ова одлука на ЕУ може да доведе до криза со дизелот.

На почетокот на февруари американскиот магазин „Форбс“ даде оценка дека „забраната на ЕУ за рускиот дизел ќе поттикне превирања на глобалниот пазар на гориво“. Бриселскиот портал „Еврактив“ пред два дена ги потврди овие сомнежи: „Забраната на ЕУ за увоз на нафтени деривати од Русија, вклучително и дизел и керозин, ќе ги наруши светските текови кога ќе стапи на сила во недела и може да и наштети на Москва повеќе отколку на суровата нафта“.

На почетокот на август, Дејвид Век, главниот економист на компанијата Вортекс, која се занимава со глобален мониторинг на превозот со танкери, имаше сериозна дилема во врска со одлуката на ЕУ да воведе забрана за увоз на руски деривати од 5 февруари и со тоа и нов контролен режим за нивна преработка за извоз во трети земји

– Се прашувам дали Европејците ќе успеат целосно да ја применат најавената забрана за увоз на дизел – рече тој.

Шефовите на трите водечки светски компании кои тргуваат со нафтени деривати („Витол“, „Гунвор“ и „Трафигура“) лани ги предупредија учесниците на Глобалниот самит за стратешки суровини во Лозана дека ваква одлука ќе предизвика недостиг и нов скок на цената на дизелот.

На почетокот на 2022 година, Русија произведуваше околу 10 милиони барели сурова нафта, 960.000 барели нафтени деривати и околу 340.000 барели ЛНГ дневно. Збирно, во тоа време, Европа испорачуваше две третини од увезената енергија источно од Урал, според податоците на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

- Advertisement -
Ad image
Share This Article